Македонија

Протест пред Влада – Знамиња со Вергина и погрдни пораки за Ципрас

Дваесетина преставници на невладините организации „Македониум“ и „Преродба“ со протест пред владата го пречекаа грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Со развиорени знамиња со Вергина тие порачуваат дека единствено име на државата е Македонија и дека жителите се етнички Македонци.

Ципрас го нарекуваат фашист и велат дека не е посакуван овде. Според нив, Заев немал никаков легитимитет за да го потпише Договорот од Преспа и да преговара во името на македонскиот народ.

Демонстрантите велат дека Договорот е неважечки и ќе биде соборен. За Заев велат дека е безрбетник, а дека Грција ги прогонува Македонците на нејзината територија.

– Си земаш за право да ми кажеш кој сум и дека не постојам, еве го одговорот, Македонија е наша древна татковина, нашата гордост, така било, така и ќе биде“ – порачуваат демонстрантите собрани пред Влада.

Видео плејер00:0000:53

Related posts