РеакцииРелигија

Протојереј Миле Талески: Се’ ми се чини дека оваа работа во Фанар не ќе заврши добро, но, не ќе биде и последниот збор на фанариотите во Македонија

Архимандрит Партениј на средба со Солунскиот владика Антим | † Бигорски  манастир

„Големо достоинство, чест и радост беше да се присуствува и учествува во свештеното торжество на Светата и Божествена Литургија во сечесниот патријаршиски храм на Светиот Великомаченик Георгиј во Фанар, по повод чествувањето на именденот на Таткото на Православните, на Архиепископот на Константинопол, Новиот Рим и Вселенски Патријарх, Неговата Божествена Сесветост, г. г. Вартоломеј.Неговата Сесветост важи за еден голем рамноапостолен Патријарх, по ревност слична на онаа на Апостолот Вартоломеј, чие име достојно го носи. Преку неговиот свет благослов заблеска светлината на Божјата милост врз нашата древна Охридска Архиепископија, откако ја прегрна и прими во литургиско и канонско единство со Мајката Црква во Константинопол, а преку неа и со сета полнота на Православната Црква.-Бигорски Манастир Св. Јован Крстител
Објава на ФБ, вчера 11 јуни 2022

Ова е објава на ФБ на којашто може само да се лајкува и да се шири, но, не и да се остави коментар.
Објавата до сега има собрано 1400 лајкови поради тоа што во неа е речено: дека благословот на Константинополскиот Патријарх заблескал над „нашата древна Охридска Архиепископија“.
Но, ако влезете на вебстраницата на Бигорски, јасно ќе ја прочитате измамата, и како таму се нарекува Охридската Архиепископија, и пред којашто не стои ни славна ни древна, за тоа како е примена во Фанар, и како веќе самите бигорчани ја нарекуваат нашата Црква, имено, еве што се вели таму:
„Возрадувани и збогатени со ова непропадливо богатство, нашата Света Црква на чело со нашиот Архиепископ г. Стефан, Митрополитите г. Петар и г. Тимотеј, Епископите г. Климент и г. Партениј – нашиот старец и игумен со своето монашко братство и сестринствата, свештенство и многуброен верен народ од Охридската Црква, со синовска љубов и почит, во голема радост и свештен трепет, со неизмерна благодарност и пофалби му го честитаа именденот на домаќинот на Константинополската Мајка Црква, кој широко ги отвори вратите на своето срце и на Мајката Црква за православните верниците во нашата Татковина“.
Слушате? Сите оние претставници, почнувајќи од архиепископот до последниот верник биле од „Охридската Црква“, којашто не се именува ниту како Архиепископија.
Денес Го славиме и Му се поклонуваме на Светиот Дух, Кој, е Дух на Вистината, пак, не можам да се изначудам и да се воздржам а да не прашам: кого лажат браќата од бигорски, Светиот Дух, себеси, или Македонскиот народ, и со која цел? – и што е очигледно, за полесно да го истуркаат тоа што го намислиле.
Се’ ми се чини дека оваа работа во Фанар не ќе заврши добро, но, не ќе биде и последниот збор на фанариотите во Македонија. По се изгледа на повидок е силен отпор кај Македонците. Да се молиме, се’ да се заврши мирно и без несакани последици.
Го објавив горново, бидејќи ја мразам лагата, и мислам, дека сите сме повикани да ѝ служиме на Вистината. И мислам, дека сите оние кои оставиле лајк на горната објава се измамени со начинот на којшто таа е напишана, а тоа, нималку не ја претставува светата Бигорска Обител во светлината на Светиот Дух. Напротив! Ги претставува тие кои ја раководат како да се ставиле во служба на таткото на лагата – непомјаникот.
Браќа, не е добро така!

Протојереј Миле Талески

 

Можно е да е слика од 1 лице

Related posts

Leave a Comment