Емоциите се наши водичи кои ни помагаат да ги разбереме важните моменти, да разбереме одредени настани и однесувања. Ни даваат насоки, ни го покажуваат патот по кој треба да одиме. Тие нè поврзуваат со нас самите, нашата суштина, но и со другите луѓе, пријателите, семејството, децата, партнерот. Ни покажуваат што се случува во нас. Поуспешно и позначајно функционираме кога ги користиме сите емоции. Поуспешен и поисполнет живот водат луѓе кои не ги потиснуваат своите чувства, кои научиле една од најважните вештини, а тоа е вештината за регулирање на емоциите. Има голема вредност во тоа да бидете свесни за вашите емоции. Нема погрешни, негативни и лоши чувства, какви и да се тие. Има пријатни и непријатни. Животот е комбинација од двете. За да почувствуваме пријатни емоции, мора да дозволиме да ги почувствуваме и непријатните. Функционираме преку интегрирање на спротивностите, а не преку селективно исклучување на содржини што не нè радуваат. Не можеме да бидеме среќни ако негираме и ја потиснуваме тагата, не можеме да чувствуваме радост ако ја блокираме болката. Не можеме да живееме во емотивен вакуум. Всушност, можеби можеме, но цената е превисока. Дозволуваме да го почувствуваме тоа што го чувствуваме. Не она што треба или мораме, не она што некој друг ни кажува да го чувствуваме, не она што е „нормално“, туку она што навистина го чувствуваме. Во ред е да се плашиш! Во ред е да плачеш и да бидеш ранлив! Во ред е да се лутиш! Страдањето, болката, болката, зависта, љубомората и сите други емоции се составен дел од нашето постоење. Ајде да го истражиме светот на нашите емоции, да го откриеме нивното значење, да ги освестиме, да зборуваме за нив, да ги прифатиме, да ги изразиме, да откриеме што ни кажуваат. Нема гаранција дека ќе биде безбедно и безболно, но едно е сигурно, ќе станеме поцелосни, поурамнотежени, посмирени и поспремни да се справиме со животните предизвици.
Посетете го нашиот центар
Психотерапевт – Данче Пауновска