Психологија

Психотерапија- што е Гешталт?

 

Психотерапија- што е Гешталт?Зошто се употребува овој универзален збор Гешталт? Што значи точно овој термин?

Зборот Гешталт е германски термин кој значи: форма, облик или фигура, но вистинското значење е многу побогато, покомплексно и е комплетна форма која има структура и значење. Уште од нашето раѓање првата значајна форма или фигура која ја препознаваме е лицето на нашата мајка. Новороденчето сеуште не ги забележува деталите, но целосната форма му е препознатлива и многу значајна.
Начините на кои што перципираме следат со одредени правила: глобално препознавање кое не може да се сведе на сензорно препознавање на секоја компонента поединечно исто како што водата не е само кислород и водород, како и симфонијата која што не е само низа од ноти и како што семејството не е само збир од членови. Од овие примери согледуваме дека целината се разликува од збирот на нејзините делови.
Истовремено пак, еден дел од целината се разликува од самиот тој дел изолиран или вклучен во друга целина. Идентитетот на делот зависи од неговата взаемна позиција и функција со целината. Така ,,вресокот” во текот на една игра се разликува од ,,вресокот” во празна улица!
За да се објасни некое однесување или ситуација не е потребно само да се анализира, туку и да се има синтетички поглед, што значи да се следат однесувањата и ситуациите од поширок аспект во глобален контекст. Наместо да се посветува внимание само на детали, потребно е да направиме чекор наназад и ќе ја видиме ,, големата слика” каде контекстот е поважен од текстот. Така на пример, за да анализираме еден странски политички настан не е доволно само да се има дописник од тоа место, туку поважно е да се има глобална синтетичка визија за меѓународната економија и за ризикот од сето тоа! На овој начин единката може да си дозволи во потполност да биде она што е и она што потенцијално може да стане!

Посетете го нашиот центар.

Данче Пауновска-Психотерапевт

Related posts

Leave a Comment