Свет

Пукање во црква во Тексас,двајца мртви

Најмалку две лица загинаа, а едно е повредено во црква во Вајт Сетл, Тексас, пренесува Далас Њуз.

Две лица починале на лице место додека третото во критична состојба било примено во болница, пренесува Далас Њуз  .

Портпаролот на пожарникарната служба, Мајк Дривдал, изјави дека осомничениот напаѓач е едно од овие три лица.

Пукањето се случило во црквата Вест Фрив кога вооружениот напаѓач започнал да пука во текот на молитвата, но меѓу верниците имало вооружени лица кои веднаш одговориле со оган и го убиле напаѓачот.

Полицијата е на местото на настанот и ги утврдува околностите на нападот.

Related posts

Leave a Comment