Сараево – Утрово се случил инцидент со пукање од огнено оружје во населбата Неџаричи во Сараево, при што загинала една жена додека се друга е тешко ранета, пренесуваат медиумите во БиХ.
До употребата на огнено оружје дошло на улицата Сребрена Босна, а полицијата добила информација за инцидентот во 07:18 часот. Според портпаролот на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, Мирза Хаџиабдиќ, извршен е увид и полека се работи на расветлување на случајот, пренесува Klix.ba.
Првите информации од полицијата соопштуваат дека две лица се повредени од огнено оружје.Сепак, една жена им подлегнала на повредите, додека другата е пренесена во болница.Екипа на Брза помош, интервенирала на теренот.