Претседателот на Русија изјави дека сите напади на Мариупол ќе престанат само ако сите украински војници од тој град се предадат, јави Би-Би-Си.
Британскиот јавен сервис се повика на соопштението на Кремљ, во кое се наведува дека Путин тоа го рекол за време на телефонскиот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон .
Според Би-Би-Си, францускиот претседател рекол дека Путинсе согласил да размисли за евакуација на цивили од градот.