Рускиот претседател Владимир Путин ги продолжи до 11 мај неработните денови во земјата, кои се воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Рестриктивните мерки требаше да бидат укинати на крајот на април, но Путин рече дека Русија сè уште не го достигнала врвот на инфекцијата, пренесува Ројтерс.Тој и нареди на владата да излезе со нови мерки за поддршка на економијата и граѓаните и да подготви препораки за постепено олеснување на карантинските мерки до 5-ти мај.
Путин исто така и нареди на владата да достави извештај за планот за развој на вакцина против коронавирусот до 30 април, соопшти Кремљ.
Тој додаде дека Русија ќе продолжи да ги зголемува тестирањата за вирусот.
“Што се однесува за системите за тестирање, нивното производство беше девет пати поголемо во март и април. На почетокот на март Русија имаше 2.500 тестови на ден. Сега имаме 150.000 тестови на ден. Тоа е пораст од 60 проценти”, рече Путин за време на седницата за борба против ширењето на коронавирусот во руските региони.
Во Русија, 93.558 лица се заразени со коронавирус, а 867 починале, според Worldometers.