Свет

Путин го потпиша законот за суспендирање на нуклеарниот договор од страна на Русија

Законот одредува дека шефот на државата ќе одлучи за обновување на договорот

 

 

 

 

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој се укинува Договорот за нуклеарни сили на Русија (ИНФ).

Законот, донесен од страна на рускиот Долен дом на Парламентот, Државната Дума, на 18 јуни и одобрен од Горниот дом, Советот на Федерацијата на 26 јуни, е објавен на официјалниот портал за правни информации.

Законот одредува дека шефот на државата ќе одлучи за обновување на  договорот. Законот стапува во сила на денот на неговото официјално објавување.

Претходно, претседателот на Комитетот за одбрана и безбедност на Советот на федерацијата, Виктор Бондарев, рече: “Донесувањето на одлука за суспендирање на Договорот е принудна и неопходна мерка и соодветен приод кон сегашниот систем за контрола на оружјето.”

САД почнаа да ја обвинуваат Русија за кршење на договорот за ИНФ во јули 2014 година. Оттогаш Вашингтон ги повторува своите наводи во повеќе наврати, додека Москва ги отфрла и ги унапредува контра-тврдењата во врска со спроведувањето на договорот од страна на САД.

САД ги суспендираа своите обврски според Договорот за ИНФ почнувајќи од 2 февруари 2019. Администрацијата на САД предупреди дека Вашингтон ќе се откаже од Договорот во рок од шест месеци, освен ако Русија не го исполни договорот. САД инсистираат на тоа Русија да ги уништи своите копнени ракетни системи со долг дострел 9M729, кои не се во согласност со ограничениот опсег што е дозволен според договорот на ИНФ, како што тврди Вашингтон.

Рускиот претседател Владимир Путин , на 2 февруари одговори, велејќи дека Москва ќе го прекине договорот од времето на Студената војна.

Актуелниот договор меѓу поранешниот Советски Сојуз и САД,  беше потпишан на 8 декември 1987 година  , а стапи на сила на 1 јуни 1988 година. Во 1992 година, по пропаѓањето на поранешниот Советски Сојуз, договорот стана мултилатерален со поранешните советски републики – Белорусија, Казахстан и Украина – како наследници. Договорот за ИНФ опфаќа распоредени и нераспределени копнени проектили со краток дострел (од 500 до 1.000 километри) и проектили од среден дострел (од 1.000 до 5.500 километри).

 

Related posts

Leave a Comment