Рускиот претседател Владимир Путин разговара со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган за прекинот на огнот во Сирија.
Владимир Путин изрази сочувство до Реџеп Таип Ердоган за смртта на 33 турски војници во Идлиб и истакна дека сириските сили не биле свесни за позицијата на турските војници.
На состанокот во Кремљ, Путин рече дека ситуацијата во Идлиб станала тензична што изнудува потреба од директни разговори меѓу двајцата претседатели, кои поддржуваат различни страни во конфликтот.
Ердоган рече дека се надева оти договорот постигнат ќе ја смири ситуацијата во Сирија.
„Односите Турција и Русија се на својот врв и целта е врските да се зајакнат уште повеќе“, рече турскиот претседател.