Рускиот претседател Владимир Путин го забележа предлогот на Долниот дом на парламентот (Дума) за признавање на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск (ДПР, ЛПР), но таквиот потег не би бил во согласност со договорите од Минск. изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС .
„Нема јасни правила во овој поглед“, рече тој како одговор на новинарско прашање за чекорите што би можеле да следат по барањето на Думата. „Претседателот го прими барањето, реагираше на тоа, го зеде предвид“, рече Песков. Сепак, тој истакна дека „признавањето на [ДПР и ЛПР] не е во согласност со договорите од Минск“. „Тоа е навистина така“, рече портпаролот. Според него, барањето на Думата е навистина многу јасен знак што укажува на расположението на законодавците и на преовладувачкото јавно мислење на нацијата. Сепак, претседателот истакна дека клучната работа е да се помогне во решавањето на ситуацијата во југоисточна [Украина] и тоа може да се направи само преку сеопфатни напори за олеснување на спроведувањето на пакетот од Минск. Тоа е она на што претседателот ќе се фокусира“, рече тој.
Путин синоќа по разговорот со германскиот канцелар Олаф Шолц го коментираше барањето за признавање на Доњецката и Луганската народна република. „Ќе тргнам од фактот дека сите треба да направиме се за да го решиме проблемот со Донбас, што треба да се направи, пред сè, врз основа на можностите што ги даваат Минските договори, кои не се целосно спроведени. Очекуваме дека нашите партнери од другата страна на Атлантикот и во Европа, пред се Германија и Франција, ќе го извршат потребното влијание врз актуелните власти во Киев и ќе се најде решение“, рече рускиот лидер.