Свет

Путин не би бил Путин доколку не ја посетеше болницата со пациентите од коронавирус

 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ја посети болницата за заболени од коронавирус во населбата Комунарка

Тој ја посети болницата затоа што сакаше за себе да види каква е состојбата, истакнувајќи дека Путин не би бил тоа што е доколку не го направил тоа.

„Тој секогаш претпочита да види како се одвиваат работите на лице мето. Путин не би бил Путин ако не отидеше таму, рече Песков.

Ruski predsednik Vladimir Putin poseti je bolnicu u Komunarki,

Тој во емисијата ,, Москва-Кремљ-Путин” на каналот Русија 1 рече дека Путин изненадувачки донел одлука да ја посети болницата, пренесува ТАСС.

„Обично, посета на претседателот доаѓа после извесни подготовки и откако специјалните сили ќе пристигнат таму. Сега одевме без никакви подготовки“, рече Песков.

Путин ја посети болницата Комунарка на 24 март за да провери како изгледа установата за третман на пациенти со коронавирус.

Во Русија се регистрирани 1.534 случаи на заболени од вирусот , од кои околу 1.000 се во Москва.

Related posts

Leave a Comment