Свет

Путин: Не може да замижуваме, „НАТО веќе започна војна во Европа со бомбардирањето на Југославија“

РУСИЈА не може да замижува пред тоа како САД и НАТО сосема слободно и во своја полза го „толкуваат принципот на неделива безбедност“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Москва.

Путин рече дека разговорот со Шолц бил деловен и истакна дека германскиот канцелар е расположен за понатамошна заемно корисна соработка.

Зборувајќи за заканата од војна во Европа, Путин потсети дека НАТО веќе започна војна на стариот континент – со бомбардирање на Белград.

„Северен поток 2“ е комерцијален проект кој е завршен и подготвен за работа. Сепак, Путин истакна дека Русија ќе продолжи со испорака на гас преку Украина и по 2024 година, доколку има побарувачка и профитабилност.

Зборувајќи за безбедносните гаранции што Русија ги бара од Западот, рускиот лидер посочи дека Москва не може да замижува пред тоа како САД и НАТО сосема слободно и во своја полза го толкуваат принципот на неделива безбедност. Како што наведе, Москва го доживува насилното ограничување на Русија од страна на Западот како закана за безбедноста на земјата.

Разговорот меѓу Путин и Шолц траел повеќе од три часа.

Related posts

Leave a Comment