Рускиот претседател Владимир Путин рече дека националната руска идеја се заснова на патриотизам, но дека тоа првенствено значи посветување кон напредокот на земјата.
Тој патриотизам не треба да биде лажен, безживотен, рече претседателот на Русија.
– Патриотизмот значи да се посветиме на развојот на земјата, на нејзиниот напредок. И тоа во никој случај не значи дека треба само да се фалиме за херојското минато, туку треба да се гледа и на не помалку херојската и успешна иднина – рече Путин во интервјуто за емисијата „Москва. Кремљ. Путин “, од кои еден дел беше објавен на Инстаграм профилот на водителот.
Според него, патриотизмот е идејата што ги обединува Русите.
Да потсетиме, оваа година светот ја одбележува 75-годишнината од победата над фашизмот и капитулацијата на нацистичка Германија.