Свет

Путин: Поради политичките борби во САД,веќе не не обвинуваат за мешање во избори

Путин: Поради политичките борби во САД, ние веќе не сме обвинети за мешање во изборите 1

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека е задоволен што политичките битки во Вашингтон ги оставија настрана обвиненијата дека Москва се мешала во изборите во САД.

„Фала му на Господ, веќе не не обвинуваат за мешање во изборите во САД, сега тие ја обвинуваат Украина“, рече Путин на економскиот форум во Москва.

Некои републиканци ги користат јавните сослушувања во рамките на процесот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп во Конгресот, за промовирање на теоријата на заговор што ја обвинува Украина, а не Русија, за мешање во претседателските избори во САД во 2016 година.

Процесот на отповикување на претседателот беше инициран од демократите во Претставничкиот дом, тврдејќи дека Трамп извршил притисок врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да го испита неговиот противник, Џозеф Бајден, додека го одложувал доставувањето на воената помош во Киев.

Related posts

Leave a Comment