Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Дамаск и се состана со сирискиот претседател Башар ел Асад.
Портпаролот на Кремлин, Дмитриј Песков, изјави дека Путин заминал од аеродромот во командниот центар на групата руски вооружени сили во Сирија.
„Сирискиот претседател Башар ал Асад го пречека Путин во седиштето, каде двајцата водачи слушаа воени извештаи за ситуацијата во различни делови на земјата“, рече Песков.
Асад му се заблагодари на Путин што го посети Дамаск и им се заблагодари на Русија и на руската војска за помошта во борбата против тероризмот и за обновување на мирниот живот во Сирија.
Сирискиот претседател им го честиташе Божиќ на Путин и на рускиот народ.