На Рускиот претседател Владимир Путин му стана толку досадно да им одговара на новинарите на прашањата за руското мешање на изборите во САД ,при што му „призна“ на репортерот на „Ен-Би–Си“ на настан пред публиката дека сигурно би се обидел да го стори истото на следните избори.
Наесен 2020 година, САД повторно избираат претседател, а приказната за мешање на Русија во изборниот процес за 2016 година сеуште не стивнува. Според тоа, новинарот Кир Симонс, кој модерираше на Форумот за енергетика во Москва, се обиде да извлече некои информации од Путин.
„Дали Русија ќе се обиде повторно да влијае на изборите во 2020 година“, праша Симонс.
Рускиот претседател одговори на неговите зборови со покривање на микрофонот и со шепот: „Јас ќе ви ја откријам тајната – дефинитивно ќе се мешаме, да ги натераме сите повторно да се смеат таму. Но, не кажувајте никому, добро? “
Присутните во публиката се изнасмеаја на неговите зборови, но веднаш потоа, Путин во посериозен тон истакна дека Москва има многу проблеми што мора да ги реши, како и на приматот на домашните прашања.