Рускиот претседател Владимир Путин е загрижен бидејќи русофобите во некои земји наводно му објавиле војна на рускиот јазик, во обид да ја намалат неговата застапеност во светот и да го турнат до перифериа.
– Деновиве се соочуваме со обиди вештачки, непристојно и дискриминирачки да се намали просторот за рускиот јазик ширум светот и негово туркање на периферијата – рече Путин на денешната средба на Советот за руски јазик – пренесе ТАСС.
Путин исто така додаде дека е широко познато дека разни маргинализирани лица и агресивни националисти се исто така доста активни во тој поглед.
„За жал, во некои земји ова станува официјална политика“, рече Путин.
Според него, позади оваа политика е истиот притисок и директно кршење на човековите права, вклучително и право на употреба на мајчин јазик, култура и историска меморија.
– Ние, нашата држава, носиме посебна одговорност за зачувување, развој и ширење на рускиот јазик и руската литература – рече Путин.