Рускиот претседател Владимир Путин беше многу внимателен и поради пандемијата ја извршуваше својата функција далеку од Кремљ, односно преку видео конференции од неговата резиденција во Ново-Огарјово, која се наоѓа надвор од Москва .
Меѓутоа, првиот човек на Русија ја изненади домашната, но и светската јавност, бидејќи денес се појави во Кремљ, иако веќе со недели не бил во Москва со поради епидемијата на вирусот корона .
Според неговиот кабинет, Путин истакнал дека имал средба со директорот на железницата, Олег Белозеров.
Рускиот претседател претходните недели се погрижи да нема контакти со своите соработници, особено кога коронавирусот „влезе“ во врвот на власта, а премиерот Михаил Мишустин и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Медведев, како резултат на тоа се разболеа .
Потегот со појавувањето на Путин во Кремљ дополнително ги изненади аналитичарите, бидејќи претседателот на Русија пред неколку недели изјави дека на земјата и се заканува втор бран на вирусо.
– Би сакал да го привлечам вниманието на нашите колеги, пред сè, министерот за здравство Михаил Мурашка, за потребата да се подготвиме за олеснување на рестрикциите под кои живееме. Мора да размислиме за вториот бран, кој, според експертите, би можел да се случи на есен, во октомври или ноември – рече Путин во петокот за време на онлајн состанокот за ситуацијата во врска со коронавирусот во земјата.
Според најновите податоци, во Русија од коронавирусот починале 3.633 луѓе починале, додека 353.427 се заразени.
Критики на сметка на Путин за укинување на „период на неработење“
На 11 мај Путин реши да го прекине, како што тој вели, „периодот на неработење“, па сега поради тоа тој е критикуван од бројни политички противници. Имено, според бројот на пациенти, Русија изби на третото место во светот, веднаш зад САД и Бразил .
Критичарите на Путин велат дека неговиот потег се должи на финансиската загриженост и дека одлуката не е поткрепена на научни податоци. Тие, исто така, го обвинуваат рускиот премиер дека се обидува да ја пренесе целата одговорност на регионалните лидери.
Александар Ѓорѓиовски