Москва – Рускиот претседател Владимир Путин годинава нема да присуствува на велигденската литургија во црква, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Рускиот претседател ќе отиде во капелата која е дел од неговата резиденција.
„Претседателот нема да оди во црква и ќе остане дома. Како што знаете, тој сега престојува и работи во резиденцијата Ново-Огерјово“, рече Песков за ТАСС.
Тој додаде дека во вечерните часови Путин ќе отиде во малата капела сместена на имотот на оваа резиденција каде ќе запали свеќа.