АктуелноРегион

Разоткриена Албанска група која тргува со канабис


Балканската рута со години е исклучително важна рута за шверцување на дрога, оружје и бело робје. Станува збор за еден од главните канали преку кои опојните дроги од истокот пристигнуваат на пазарот во Европа.

Поради планинското подрачје и лошата инфраструктура, Албанија е една од најважните земји на оваа рута. Албанската мафија е исклучително моќна, односно се смета за петтата најмоќна мафија на светот.

Овие денови Балканот, но и цела Европа беше изненадена од веста дека еден од најистакнатите членови на албанската мафија, Клемент Балили, попознат како „Балканскиот Ескобар“, после двегодишното бегство ѝ се предаде на албанската полиција.

Причината за неговото предавање е притисокот кој што го вршеше американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу. На Американците очигледно премногу им пречеше „бизнисот со дрога“ кој што се ширеше во повеќе земји од НАТО Алијансата, па поради тоа, албанскиот премиер Еди Рама доби ултиматум. Поради тоа, пристигна и веста дека 48-годишниот Балили, инаку близок пријател со најпознатите албански политичари, доброволно се предаде на полицијата.

Балили одреден период бил и шеф на државно претпријатие кое што се занимавало со јавниот градски превоз во Саранда на јужниот брег на Албанија, а тоа му овозможило многу лесно да ги пере парите заработени од илегалната трговија со дрога.

Неговиот крах започна во 2016-та година, кога го снајде судбината на речиси сите најголеми нарко-дилери во светот – се најде на мета на американската агенција “DEA”. Двајца агенти на “DEA” таа година успеале да се инфилтрираат во група на трговци кои што соработувале со Балили, а во текот на нивната акција биле запленети 670 килограми марихуана на грчкиот остров Закинтос. Во текот на истрагата, испливало името на Балили, па грчката полиција го означи како главен организатор на нарко-бизнисите, по што го доби прекарот „Балканскиот Ескобар“.

Сепак, обвинувањата за трговија со дрога Балили на почетокот одлучно ги демантирал, тврдејќи дека неговото досие е чисто. Во Албанија општо познато е големото влијание на Балили, неговите бројни браќа се директори на истакнати компании, еден од неговите внуци е градоначалник, а и самиот Балили неодамна отворил луксузен хотелски комплекс на чие што отворање присуствувале бројни претставници на албанската политичка елита, вклучувајќи го и албанскиот претседател.

Грчкото барање за апсење на Балили за многу кратко време се претвори во вистинска политичко-полициска војна помеѓу нашите соседи – Албанија и Грција. Во војната се вклучија и албанските медиуми кои што започнаа да објавуваат фотографии на кои се гледа дека Балили е во друштво на министри и членови на албанскиот парламент.

Секако, целата работа доби разврска кога се вклучија Американците, па после силниот притисок на Вашингтон, Балили беше уапсен, а неговиот имот е замрзнат. Со апсењето, Балили започна да претставува проблем за албанската мафија, поради неговите конекции со албанските политичари. Иако Грција бара екстрадиција, на Балили сосема очекувано, ќе му се суди во Албанија за премиерот Еди Рама да ги покаже резултатите од борбата против организираниот криминал.

Откако нивната коалиција се распадна, а партијата на Еди Рама започна самостојно да владее, Балили зад решетки.

Додека Балили е зад решетки, некој друг, многу помоќен од него мирно ќе ги води неговите досегашни операции, затоа што албанската мафија е петтата најмоќна мафија на светот, а дрогата која што преку албанската мафија завршува на западот на Европа, ќе продолжи да се користи од Европејците.

Related posts

Leave a Comment