Во ракетни напади на руските вооружени сили врз воени објекти на Вооружените сили на Украина се уништени до 180 лица од Вооружените сили на Украина и 15 единици оклопни возила, соопшти руското Министерство за одбрана.
Напади со ракети со висока прецизност беа извршени во областите Калиново-Попасни, Мирни, Славјанск и Попасни.
„Уништени се до 180 војници и 15 оклопни возила. Исто така, во близина на селото Барвенково е уништен и фрлач на противвоздушниот ракетен систем Бук-М1, соопшти Министерството.
Исто така во текот на денот, оперативно-тактичката авијација на руските воздушни сили погоди 31 објект на воената инфраструктура на Украина, соопшти Министерството за одбрана