Македонија

Распаднати остатоци од животни и ужасна миризба во населбата Ченто како потсетник од минатонеделниот Курбан Бајрам

 

На сред населено место во населбата Ченто во Скопје,по поплака од локалните жители, наидовме на ужасни слики и уште поужасна смрдеа од распаднати трупови на животни кои овде се оставени од минатонеделниот муслимански празник Курбан бајрам.

 

Не само што овие сцени се визуелно вознемирувачки,уште пострашно е што остатоците во распаѓање се голема опасност по здравјето на жителите од околните куќи и згради,одалечени само 20тина метри од местото.Дел од остатоците од мртвите животни се разнесени насекаде по улицата Жегљане од страна на кучиња скитници.Пробавме да стапиме во контакт со надлежните органи од општината Гази Баба како и со градоначалникот на оваа општина Борче Георгиевски но нашите обиди беа залудни.Дел од луѓето кои ги сретнавме тука ни рекоа дека покатастрофална локална власт во општината не паметат,а доказ дека луѓето зборуваат вистина беше и фактот дека тревата на локалниот рид каде што зборувавме со нив беше во висина од 2 и повеќе метри,и бевме сведоци на многу предмети расфрлени насекаде,очигледно местото кое е дел од паркот се претворил во депонија за стари шпорети,кади,перални и секаков друг вид на шут.Ако овакви сцени не се доволна причина за надлежните од општината Гази Баба да реагираат тогаш не знаеме што би било предизвик тие да почнат да си ги вршат своите законски обврски.

Related posts

Leave a Comment