Во Босна и Херцеговина, врз основа на вкупните податоци на здравствените установи, пропаднале 1.416.851 вакцини против корона вирусот, објави денеска Klix.ba.
Од почетокот на пандемијата на корона вирусот, во Федерацијата Босна и Херцеговина пристигнале вкупно 2.334.874 вакцини, а според податоците на Институтот за јавно здравје на ФБиХ, до 31 јули, рокот за 606.895 дози е истечен.
Со пристигнувањето на првите дози на вакцини против корона вирусот, во март 2021 година, заклучно со 31 јули годинава, во Федерацијата Босна и Херцеговина се вакцинирани вкупно 1.800.728 граѓани.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, во субјектот на Република Српска пристигнале 1.824.887 дози вакцини против корона вирусот, од кои 809.945 или повеќе од 44 отсто откажале.
Причината за ова е слабиот интерес на граѓаните на БИХ да ја примат вакцината против ковид.