Стотици луѓе се собраа денес во Рим на ненајавен протест против рестриктивните мерки во Италија, најдолгите во Европа.
Тие протестираа за да укажат на маките со кои луѓето се соочуваат и за економските последици од блокадата. Медиумите јавуваат дека протестот го организирале екстремно десничарски групи.
Демонстрантите кои се собраа во италијанската престолнина по договорот на социјалните мрежи, извикуваа дека „вирусот (ковид 19) е измама наменета да предизвика криза“, дека „има луѓе кои не добиле плата веќе четири месеци“ и дека се гладни.
Protest against government in Rome Italy pic.twitter.com/EDUxuREgao
— Lrrr (@ThatsLrrr) May 30, 2020
„Тука има луѓе кои немаат што да јадат. Не оставија да умреме“, рече една жена од Бергамо.
Светските медиуми пренесуваат дека имало искри на протестот, започнат во групата на „Фејсбук“: Марш на Рим.
Roma è una città blindata, migliaia di persone sono state bloccate nelle strade adiacenti a Montecitorio (seguiranno video), solo pochi valorosi sono riusciti ad arrivarci. Tutti stanno protestando contro la dittatura #Conte. Avanti così! #AttoV #RadioSavana #CoronaVirus #Covid19 pic.twitter.com/hd1jDZVB3S
— RadioSavana (@RadioSavana) May 30, 2020
Полициските службеници интервенирале со цел да го спречат нивното понатамошно движење низ улиците, јавуваат италијанските медиуми.
„Ние ќе останеме овде, ќе ја окупираме Пјаца Венеција (во Рим) и ќе поставиме шатори. Владата нè изневери“, рече еден од демонстрантите пред звучникот.
Вирусот „ковид 19“ однесе повеќе од 33.000 животи во Италија и предизвика блокада од која Италија се обидува да излезе со постепено олеснување на рестриктивните мерки.
Италија е прва земја во Европа што воведе строги карантински мерки на целата територија на почетокот на март, а како што беше најавено, на 3 јуни, ќе ги отвори регионалните и државните граници за пристигнувања од шенгенските земји.