Крај на Грабежот на Пари/Ресурси и Насочување на Спасените Средства во Македонската Економија за Општа Благостојба – Економска Програма!
Програмскa целинa – Економски Насоки – Вистинскиот Македонски Пат (Текст + Видео) За Јавна Консултација!
Авангардна програма за градење глобално-конкурентна Македонска Економија – Враќање на 1.4 Милијарди украдени долари годишно во Македонската економија и во џебот на Македонецот купувач и продавач. Запирање и судење за тендерско исцицување на 680 милиони евра годишно од Македонскиот буџет. Национализација на сите стратешки важни фирми и организации, странските банки, ЕВН, телекомите, природните ресурси и канализирање на исцицаните средства назад во Македонската Економија. Отпишување на државниот долг направен од корумпираните елити на грбот на нашите деца и внуци а ставен во нивни сопствени џебови. Ревизија на приватизациите. Конфискација на се што е украдено од 1991 наваму. Итн, итн.
Ниски даноци и развоен буџет за благосостојба за сите и одржлив, независен, самостоен, извозно-насочен креирање надворешно-трговски суфицит и глобално-конкурентен економски развој, конкурентен за сегашните и идните глобални предизвици од економска, политичка, технолошка природа, обезбедувајќи целосна продуктивна вработеност користејќи го целиот домашен и иселенички Македонски работен и креативен потенцијал и сите природни и други богатства.
Врска до Програмската Целина Економски Насоки на страницата на Родина Македонија
Од основните програмски цели
- Национализација на сите стратешко важни правни субјекти и фирми.
- Отпишување на меѓународниот државен долг направен од досегашните корумпирани елити кон глобалистичките финансиски поробувачи и ослободување на Македонецот од подготвеното му вечно финансиско ропство.
- Ревизија на сите приватизации и враќање во државна сопственост и/или продажба со обесштетување на бившите вработени и нивните семејства.
- Конфискација на нелегално стекнат имот од осамостојувањето досега.
- Обезбедување и привлекување јавни и приватни инвестиции, ниски даноци и финансиска подршка за сите претприемачи/мали/средни претпријатија за силен економски раст и процут.
- Еколошки чисто земјоделство и туризам и ГМО-слободна Македонија.
- Поднесување барање за учество во сите глобални и регионални ЕвроАзиски економски и други интеграции, ЕАЕС, Пат на Свилата итн.
- Укинување на извршителите, на несразмерно високите казни и блокирањето на сметки. Домот не може да е предмет на хипотека.
- Поништување на сите тековни и претходни економски договори направени на штета на Македонија и испитување за потеклото на капиталот на бившите елити и негова конфискација.
Стратешка Визија на Економскиот Раст
Основните економски постулати за градење на Македонска држава на благосостојба за секого се базирани на достигнување одржлив, независен, самостоен економски развој, извозно насочен кон креирање надворешно-трговски суфицит и конкурентен за сегашните и идните глобални предизвици од економска, политичка, технолошка природа, обезбедувајќи целосна продуктивна вработеност користејќи го целиот домашен и иселенички Македонски работен и креативен потенцијал и сите природни и други богатства.
Економска политика – Основни стратешки цели
- Енергетска независност
- Прехранбена независност
- Финансиска независност
- Инфраструктурна поврзаност
- Глобална конкурентност
- Извозна ориентираност
- Приватна иницијатива (мали и средни претпријатија)
Економска политика – Стратешки сектори
- Земјоделие и Сточарство – развој на органско, ГМО-слободно земјоделие и сточарство и прехрабнена преработувачка индустрија со врвен и извозен квалитет под брендот чиста Македонија. Забрана на продажба на земја на странци. Доделување бесплатно земја за Македонските иселеници, многудетни семејства и секој кој сака да се вклучи во иницијативата за растоварување на градовите и оживување на селата.
- Туризам – продолжување на спектакуларниот раст на туризмот под брендот Македонија, вклучително езерски, планински, културен, етнолошки, селски, вински, здравствен туризам, итн.
- Информатичка технологија – доставување услуги од информатичкиот сектор до глобални корисници, развој на блок-чејн технологијата.
- Енергетика – градење на хидроцентрали по должината на Река Вардар, реактивирање на учеството во Гасоводот Турски Поток и заокружување на енергетската самостојност на Македонија. Потикнување на производство на електрична енергија од алтернативни незагадувачки извори на енергија.
- Природни и минерални ресурси – искористување на целиот македонски потенцијал на природни и минерални ресурси со сопствени сили и со стриктни еколошки мерки. Забрана на продажба на води, земја и минерални ресурси на странски или домашни фирми и поединци.
- Градежништво – железница над долината на Вардар како дел од новиот Пат на Свилата. Поврзаност на секое село до главните транспортни артерии. Урбанизирање на секое поголемо населено место со основната инфраструктура.
Финансиска политика
- Даночна политика – 5% данок на приход за претпријатијата, етапно намалување на ДДВ, и, укинување на данок на имот. Изедначување на даночните обврски за домашни и странски прeтпријатија.
- Буџетна политика – поголемо пополнување од национализираните субјекти а помало од претпријатијата и граѓаните. Развоен буџет насочен кон помош на реалниот економски сектор со кратења трошење во непродуктивниот сектор а зголемување на подршка за домашната реална економија, образование, здравство, одбрана, култура и социјала.
- Кредитно-Монетарна политика – 0.5% основна каматна стапка на НРМ, ниски каматни стапки и кредити за граѓаните, земјоделците и мали и средни претпријатија.
- Монетарен систем – Валута Македонски Денар, подржан со злато, девизни резерви и криптовалута МакКоин. Излез на Народна Банка на Македонија од 59-те земји членки финансиски робови на приватната банка за меѓународни порамнувања BIS.
Приватна иницијатива (мали и средни претпријатија)
- Креирање на услови за слободен развој на приватната инцијатива, ослободена од државните и општински стеги, елиминирање на локалните феудалци и криминално рекетарско подземје.
- Заштита на инвестираното, поткрепа од државните фондови и комплетна инфраструктура за развој на претпријатието.
Спроведување
Македонската економска политика ќе се спроведува централизирано од владата и министерствата со општествен надзор на работата на министерствата преку народни општествени совети од граѓани избрани од народот.
Спроведување Координирано со
- Социјална, пензиска и здравствена заштита за секого, ниеден Македонец и семејство нема да бидат оставени сами на себе (види програмски дел – Социјална поткрепа)
- Танка и ефикасна државна администрација (види програмски дел – Државна администрација)
- Меѓународни Односи – Членство во глобални економски иницијативи (види програмски дел – Меѓународни Односи)
Вашите предлози за Програмската Целина – Економски насоки и цели може да ги оставите во коментари подолу, на емаил адреса [email protected] или активно да се вклучите во Родина.
Браќа и Сестри, нека се чуе Македонскиот глас и волја! Создавај ја и спроведувај ја Државната, Економската, Политичката, Националната, Социјалната Обнова на Македонија на здрави темели за следните 1.000 години!
Бидете дел од иницијативата за политичка партија „Родина” https://www.rodina.org.mk/pristapnica/