ИТЕН ПРЕКИН НА “МЕРКИТЕ” ЗА УРИВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА СО КОИ СИТЕ УМИРАМЕ ЕКОНОМСКИ А НЕКОИ И БУКВАЛНО, ЗА ДА СЕ “СПАСИМЕ ОД ВИРУСОТ”!
Родина Македонија ќе ги гони кривично сите одговорни за несразмерните мерки со кои под превез на “спас од вирусот” намерно се урива Македонската економија, производител, бизнис, со цел да се раздаде за без пари на глобалните корпоративни глутници волци!
Треба ли сите да умреме, економски (а некои и буквално) за да сме се спаселе од вирус? Како и секој вирус и сезонски грип, треба предострожност и хигиенски мерки за спречување, но кој ви даде мандат и тоа како нелегитимна техничка преодна влада со тесни задачи за организирање избори, и со научно неиздржана креирана хистерија да ја рушите целата економија? Тепате ли во своите домови комарци со пукање од тенк по ѕидовите и си ја рушите ли куќата? Но ако тоа го сакате кај вас дома, кој може да ви го забрани тоа мало лично задоволство, но никако не и нашата држава на чие чело сте сосема случајно, наместени насила однадвор, а и не за долго!
Застанаа фирмите, некои привремено а некои мали претприемачи и бизниси и засекогаш, работниците и вработените заклучени дома, отпуштени десетици илјади вработени кои ќе останат на улица без леб, намалени плати. Колку од нив треба да се самоубијат за да се сметаат во некоја статистика? Кој ќе одговара за ова? ВИЕ! Ќе дојде време, не сте вечни!
Процени ли некој колкава е смртноста кај народот од неможност да добијат обични здравствени услуги поради блокадите со вештачката хистерија? Колкава е смртноста кај други хронично болни, од срцеви заболувања, дијабетес, рак, туберколоза, итн? Или тие исто не се сметаат? Кој ќе одговара и за ова? ВИЕ! И за тоа ќе дојде време, не берете гајле!
Не смеете да ги присилувате докторите лажно да запишуваат секоја можна смрт како од коронавирус со цел да ја заташкате вината за вашите “Мерки” и да ги замачкате трагите на вашата неспособност, корумпираност и слепо следење на туѓи странски наредби и интереси! Не смеете да воведувате нови непроверени вакцини со кои глобалистите ве тераат да не зомбирате, и не смеете да трошите наши народни пари за такви грозни странски глобалофашистички планови и интереси.
И каде отидоа 600 милиони евра дополнителен неоптлатлив долг за “заштита” од вирусот? Зголемен долг а намалени платите, како е можно тоа? И кој ќе ги враќа тие долгови за ваш личен профит? ВИЕ! Им порачуваме на вашите “кредитори” дека од вас ќе си ги бараат назад парите! Нашите деца и внуци нема да го плаќаат вашиот пијан арамиски хир на разотидената журка на поразените глобалофашисти кои ве донесоа незаконски на власт, а кои и сами паѓаат поразени од своите сопствени народи.
Родина Македонија бара итно отворање на економијата и прекин на налудничавите “Мерки”, откажување на 600те милиони непотребен долг и откажување на робовскиот стенд-бај договор со ММФ со кои продолжувате да го ништите суверенитетот на Македонија.
Напоменуваме за да не заборавате во својата опијанетостод незаслужената, нелегитимна и привремена власт која ви паднала в рака (во најпатетичен стил на необразован десетар во бившата ЈНА), дека ѓубриштето на историјата е полно со такви кои се сметале за вечни. Доаѓа време кога во Македонија ќе функционира и Устав и закони. Можеби не денес, можеби не утре. Ама ќе дојде и задутрето. Не само што и вие не сте вечни, туку не сте ни за долго!
Бидете дел од политичката партија Родина Македонија