Пред сѐ секој слободоумен лик се запрашува, од каде тој, воопшто црпи кредибилитет и се уште е министер за здравство, покрај евидентниот негов неуспех во министерувањето, посебно во неуспехот со справувањето во кризата.
Дали од изјавата дека ќе го вакцинира својот 12 годишен син, можеби исто како што ја вакцинираше внуката, преку капаче или можеби со предизборната малоумна парола ‘‘бесплатно здравство за сите во цела Европа‘‘!?
Родина Македонија не e изненадена од најавата за следната фаза од Пландемијата „Ковид 19“, а тоа е целосно губење на индивидуалните права, кршење на Уставот, конвенциите и декларациите за човекови права и воведување на здравствена диктатура, со изолирање и дискриминација на луѓето кои не примиле вакцина.
Уште на почеток, увидовме и укажавме дека се работи за Пландемија и конструкт, при што биолошкото оружје Сарс Ков 2 е само алатка. Затоа што Пландемијата е само скалило на ‘‘планерите‘‘ до т.н. ‘‘Голем ресет‘‘ или тн ‘‘Ново нормално‘‘, кои преку тн ‘‘Четврта индустриска револуција‘‘ и т.н. ‘‘Зелена економија‘‘, имаат за цел да се спасат самите себе си. Со еден збор, Нов светски поредок кој веќе наголемо е најавен во западниот свет. Со кој ќе се наметнат нови правила на „морал и етичност“, социолошки категории на однесување, со нови правила воопшто, трансхуманизам. Начин како во целост да го превземат и задржат, односно да воспостават целосна финансиска дигитализација и финансиска контрола.
За жал, некои социолози препорачуваат дека поголем успех на зголемување на вакцинирани може да се постигне само преку методата, награда и казна. Познатата шема морков и стап, како да не знаеме дека редовно го јадиме стапот!
Погоре само фрагментално посочивме која е целта на креаторите на Пландемијата и сега после скоро 2 години сигурни сме дека ова е лабораториско биолошко оружје, целно пуштено помеѓу светското население. И покрај елаборираната информација на помалку од 1% смртност од болеста, велиме дека таа не смее да се потцени, напротив,треба да се пронајдат ефикасни и трајно успешни решенија за нејзино сузбивње. За жал повторно профункционира познатиот систем на поделби, на Ваксери и Антиваксри, групации За и Против вакцинирање.
Бараме во јавност да излезе составот на вакцината, нус појавите, нарушување на здравствените стандарди, лажните посмртници, фалсификатите, за да може вистински да се соочиме со заканата. Инсистираме на научен пристап, вистинитост на податоците, отворени дебати на различни размислувања и отстранување на стравот, кој е главна алатка на било кој конструктор на општествени промени.
Затоа бараме морална и кривична одговорност за Венко Филипче, поради заканите кон луѓе кои редовно плаќаат даноци, се чесни и морални, внимаваат на своето здравје и здравјето на околината, но не сакаат да се вакцинираат.
Секој поединец, индивидуа, има право да одбере и добие соодветна здравствена заштита, тоа е негово законско право загарантирано со Уставот на Р.Македонија, како што е во многу други демократски земји, преку меѓународни конвенции, ООН.
Бараме и општествена будност и кревање на гласот на политичките партии, невладини организации и сите борци за човекови права.
Нели Слободата е центарот на вашето дејствие ?
Каде е ?
Родина Македонија Прес Центар