СООПШТЕНИЕ
II СОБРАНИЕ НА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА
Ја известуваме јавноста дека на ден 20.05.2023 година, во седиштето на Родина Македонија се оддржа Второто Собрание на политичката партија Родина Македонија.
На седницата земаа учество делегати од општинските одбори, претседавачи на комисии, членови на претседателството, членови на Советот на иницијатори, како и ченови во својство на гости.
Претседавачот на претседателството на Родина Македонија Зоран Јованчев, имаше воведно излагање за досегашното работење на политичката партија Родина Македонија.
Беше опфатен периодот од самите почетоци, кога се најави како инцијатива на 13 јануари 2019, ден Василица, учеството на локалните избори, предизвиците со Пандемијата, судските рочишта, активности на терен, прогонот на нашите активсти, каде кога ќе се собере се заедно, Родина Македонија прерасна во препознатлив субјект кој активно се бори за заштита на индивидуалните и колективни права на македонскиот народ, притоа служејчи само на македонскиот народ и никому друг.
Следна точка на дневен ред беше предлог новиот Статут на Родина Македонија, каде излагање имаше членот на Претседателството на Родина Македонија, Зоран Тапшановски. Тој ја истакна потребата да се направат промени во Статутот во насока на подобра и пофункционална работа на партијата. Одговорајќи на новите предизвици со кои се соочува нашата држава и народ, Родина Македонија ги надополни и Целите во насока на одбрана на традиционалното македонско семејство, со неутрализирање на активностите на странските и домашни здруженија кои промовираат несвојствени однесувања и појави кои се спротивни на секаков морален, етички, традиционален и културен лик кај Македонците. Новиот Статут делегатите на Родина Македонија го усвоија едногласно.
Како трета точка на дневен ред беше новиот предлог за членови на Претседателство, по предлог на Советот на Иницијатори. Излагање имаше Коста Јовчевски, во својство на Претседавач на Советот на Родина и член на Претседателството. Излагањето содржеше елаборација за правата и обврските на Претседателството по Статутот на Родина Македонија, како и можноста да се биде негов член. Предлогот за членови на Претседателството беше едногласно донесен.
За политичкото позиционирање на Родина Македонија како четврта точка, говореше Томче Ширков, член на Претседателството на Родина Македонија. Тој ја објасни идеологијата на Родина, како и поставеност на Родина на политичката сцена. Партија која е автохтона македонска, која во себе го содржи изворниот модел на водење во кругот на Соборот, верна на идеалите на нашите предци и посветена на враќањето на исконското име, Република Македонија.
Под разно, делегатите и гостите имаа свои излагања и размисли за развојот на партијата и за возобновување на државата.
После отприлика 2 часа, Собранието ја заврши својата работа.