“МК- СКОПЈЕ МОД” ТАКА Е ИМЕНУВАНА ДРЖАВАТА НА НАЧАЛНИКОТ НА АРМ ГЕНЕРАЛ ВАСКО ЃУРЧИНОВСКИ
Во многу наврати потенциравме и искажавме дека за РОДИНА МАКЕДОНИЈА, е значајно и респектибилно народното НЕ за влез во НАТО. Македонскиот народ е интелигентен и самиот знае да ги согледа последиците од членувањето во една милитантна алијанса, која е во краен антагонизам со историските вековни заложби и делување во својата мирољубна, доблесна, хумана определба воопшто.
Посебно што условот беше менување, бришење на нашето генеричко исконско име , идентитет, јазик.
За да бидеме сведоци на безочно понижување кон државата дури и со избегнување на понижувачката географска одредница северна, се со цел да не се потенцира името МАКЕДОНИЈА, на 183 телеконференција на редовно заседание на НАТО.
Ние воопшто не сме засегнати што пред Началникот на АРМ, генерал потполковник, Васко Ѓурчиновски, стоела идентификациска ознака “МК-СКОПЈЕ МОД”.
Секако, тој треба да се засрами што дозволи да биде Началник на една Армија на држава на која на најперфиден и безочен начин и го сменија името, дел од алијанса во која патем и самите тие избегнуваат да го изговорат.
Дали е и тоа дел од неговата ‘обука’ во Брисел како претставник на АРМ во НАТО, тоа само тој го знае.
Ние не се ни срамиме ниту сме изненадени ни загрижени од ова понижување, затоа што не сме дел од таа расипана игра.
Нека бидат замислени и загрижени тие кои се дел од цело ова НЕВИДЕНО ПРЕДАВСТВО НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД И ДРЖАВА.
СЕ БЛИЖИ ДЕНОТ КОГА ПРАВДАТА ЌЕ НАПЛАТИ ЗА СЕ’!!!
Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“
https://www.rodina.org.mk/pristapnica/