РОДИНА МАКЕДОНИЈА БАРА ДА УЧЕСТВУВА НА ОВИЕ ИЗБОРИ СО СОПСТВЕНА ЛИСТА СО ДЕНЕШНАТА ДОСТАВКА ДО ДИК
РОДИНА МАКЕДОНИЈА ќе учествува на овие избори со сопствена листа со денешната доставка до Државната Изборна Комисија. Времето не е замрзнато и не е застанато поради одложувањето на изборите и РОДИНА Македонија како регистрирана политичка партија од 30ти март 2020 има право 30 дена пред изборите, кога и да бидат закажани, да достави своја изборна листа со која ќе учествува на нив со својата единствена Македонска суверенистичка програма. И во случај изборниот процес да почне од почеток и во случај да се продолжи изборниот процес, нам тоа не ни пречи ниту им го ускратуваме правото на другите да си го продолжат изборниот процес со веќе поднесените листи. Но, секое евентуално одбивање на со Уставот загарантираното право и ние да доставиме свои листи во такви „продолжени” избори, ќе го сметаме за анти-уставно и незаконско кое ќе ги направи и онака нефер и корумпираните изборни процеси целосно нелегитимни.
РОДИНА МАКЕДОНИЈА не ја признава ниту нелегитимната Хунта, ниту нелегитимната сдс/дпне владеачка коалиција олицетворена во последователни „Пржински” влади, ниту пак сегашниот пучистички парламент и неговите незаконски и неделовнички спикер и работни тела и се залага за формирање на Експертска Влада која ќе го спроведе изборниот процес, ќе ги исчисти изборните списоци и ќе повика набљудувачи од суверенистички земји како Русија, Кина, итн.
Секако, РОДИНА МАКЕДОНИЈА е свесна дека на корумпираната коалиција освен за своите сопствени цели не се грижи за барањата на Македонскиот Народ и плука на нив како што стори со ТРИТЕ НЕ на Македонскиот народ на референдумот од 30ти септември 2018 година. Затоа, РОДИНА МАКЕДОНИЈА е подготвена да влезе и во нерамен бој во наместени и фингирани избори и да му даде можност на Македонскиот Народ да направи вистинска политичка револуција по примерот на Италија, Брегзит, САД и другите слободољубиви народи во светот и да ги урне корумпираните домашни слуги на глобалофашистите СО ПЕНКАЛО! И ЌЕ ГИ УРНЕМЕ!
Македонија Вечна!