МакедонијаПолитика

Родина Македонија со поддршка за иницијативата: Македонците од 3 февруари ќе го чуваат гробот на Гоце Делчев!

СТАНЕТЕ БРАЌА НЕ ПРЕДАДОА!

Со овие зборови им се обратил домаќинот Митре на комитите од гоцевата чета, во мугрите пред самото погибие на војводата…

…Сто и дваесет години подоцна во „слободна” и „независна” Македонија, одново нѐ предаваат и продаваат неразбраните безскрупулозни трговци од „нашата влада” и „нашата држава”.

Предавството е сѐ посилно и сѐ поприсутно од година в година. Слободно се веат знамиња на туѓи држави и организации, се искажуваат територијални претензии и закани за окупација сред Скопје, а се поведуваат прекршочни и кривични пријави за употреба на националното и семакедонско знаме – шеснаесетзрачното сонце од страна на родољуби. И сето тоа поминува незабележано!

Провокациите одат дотаму што официјални преставници на соседни држави, евро пратеници од центарот на Скопје ни порачуваат дека ова е бугарска земја и дека ќе остане без рака секој кој ќе дигне рака на некој од бугарските провокатори…

Затоа,
СТАНЕТЕ БРАЌА, ПОВТОРНО НЀ ПРЕДАДОА!

РОДИНА МАКЕДОНИЈА го подржува и се придружува на повикот за бдение на гробот на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев на 3.2.2023 год пред црквата Св.Спас и ги повикува своите членови, симпатизери и сите освестени Македонци на вечерно бдение и утринско положување цвеќе на гробот на апостолот на слободата.

Гоце е еден од најголемите македонски синови и нема да дозволиме да биде предмет на изживување и присила, ниту пак паричка за поткусурување за дневно политички теми од секундарен интерес за нас, Македонците.

МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Соопштение на политичка партија Родина Македонија.

Related posts

Leave a Comment