Симболика на стравот на Хунта пред распаѓање која праќа 10 полицајци на стар професор кој ја пее Химната.
РОДИНА – Партиска реакција по повод вчерашното брутално апсење на Нестор Огинар
Добро утро НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ, уште еден сончев ден во нашата татковина Македонија во историјата ќе биде запишан како црн датум. Уапсен е Нестор Огинар!
Продавачите на евРОПСКА магла и слуги на нато, односно окупационата управа во Македонија, кои себе си се нарекуваат влада на северџганија, засилено продолжуваат со својата злосторничка агенда.
Професорот Огинар за жал не изврши злосторство против човештвото за да седне во окупаторската влада. За жал тој само гласно го изговори името на својата татковина Македонија, на македонска земја, во нејзиниот главен град Скопје. Окупаторот уапси интелектуалец од светски рамки, универзитетски професор, борец за човекови права, голем македонски родољуб.
Родина најсилно го осудува ова изживување врз македонскиот народ, и повикуваме веднаш и безусловно да бидат ослободени сите Македонци затворени за јавно изразена љубов кон својата татковина. Повикуваме да се престане со практиката чесните Македонци да гнијат по затворите додека криминалците и терористите се наградуваат.
Ја прашуваме окупационата управа каква порака му испраќа на народот? Дали сакате да кажете дека патот до успехот во оваа општество се терористичката активност и убивањето на цивили, по примерот самоназначениот спикер, новиот вицепремиер и други останати високи државни функционери?
За РОДина вчерашното апсење има огромна симболика на стравот и падот на предавниците кога 10 полицајци апсат еден стар немоќен професор кој пее химна. Си се плашат од сенката веќе, јасно им е се!
На народот нема да му треба многу време за да ја разбере пораката и да почне да се искачува кон врвот на вашето општествено скалило. Да не биде касно кога ќе сфатите дека најмногу боли со свој камен по главата.
Бидете член на инцијативата Родина
Пристапница за Родина https://www.rodina.org.mk/pristapnica/