Познатиот ирански филмски режисер Бабак Корамдин (47) бил убиен од неговите родители, исечен на парчиња, спакуван во вреќи и куфери и фрлен во ѓубре само затоа што упорно одбивал да се ожени! Таткото и мајката на убиениот Бабак беа уапсени откако неговото тело беше пронајдено во неделата во градот Екбатан во Иран, а тамошната полиција соопшти дека родителите признале дека го убиле нивниот син „со цел да спасат дел од семејството“.
Иранските медиуми наведуваат дека Бабак неодамна пристигнал во својата татковина од Лондон, каде живеел и работел со години. Набргу по пристигнувањето, тој се скарал со неговите родители затоа што не бил оженет и немал деца. Таткото на Бабак на сослушувањето рекол дека тој најпрво го зашеметил својот син со дрога, потоа го прободел со нож и го искасапил, а потоа ги ставил деловите од телото во вреќи и куфери и ги фрлил во контејнер. Мајката на убиениот режисер му помогнала на својот сопруг при распарчување на телото на нејзиниот син, па исто така била задржана во притвор за време на истрагата. И двајцата и рекле на полицијата дека нивниот син ги „обесхрабрил и малтретирал“ и дека затоа решиле да „убијат од чест“.
– Мојот син беше неженет. Не малтретираше и вознемируваше. Тој пцуеше и правеше што сакаше. Неговата мајка и јас решивме да го убиеме и да се ослободиме од него за да не ја изгубиме честа. Не се кајам ни најмалку – рече таткото на Бабак на сослушувањето.
Мухамед Шахријари, шеф на кривичниот суд во иранската провинција Техеран, каде се наоѓа градот Екбатан, за новинарите изјави дека полицијата собрала голема количина материјални докази во семејната куќа Корамдин.
Непобитен доказ
– Дури и ако не го признаеа грозоморното злосторство, полицијата најде доволно непобитни докази за да ги осуди. Според претходните информации, родителите на Бабак Корамдин долго го притискале да се жени, а по последната кавга решиле да го убијат и да го распарчат. Тие сакале да го прикријат злосторството, но не успеале во тоа. Во куќата каде што живеат во Екбатан има многу траги, што недвосмислено укажува на тоа дека родителите го убиле и искасапиле нивниот син – рече Шахријари.
Медиумите потсетуваат дека Бабак дипломирал филмска режија на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Техеран во 2009 година и дека следната година, како најталентиран на својот час, заминал во Лондон и ги продолжил постдипломските студии. Тој беше познат како автор на наградувани кратки филмови.
„Убиства од чест“ се вообичаени
Блискоисточниот аналитичар и уредник на Иранската интернационална телевизија, Џејсон Бродски, вели дека убиството на Бабак е последно во низата слични злосторства и дека законите во Иран не се доволно строги конто семејно насилство.
– Општо е познато дека судовите поволно гледаат на „убиствата од чест“. Неодамна, еден млад човек беше заклан од неговите роднини затоа што призна дека е хомосексуалец. Да не го споменувам случајот со Ромина Ашрафи, 14-годишно девојче чиј татко и ја отсекол главата затоа што наводно го понижила. Таквите злосторства во Иран ретко се казнуваат со повеќе од десет години затвор, рече Бродски.