Револтирани родители на децата кои тренираат на терените на ФФМ во населбата Ново Лисиче,општина Аеродром,преку социјалните мрежи го прашуваат градоначалникот на таа општина Златко Марин,-Што дишат нашите деца додека тренираат на ФФМ? Колку време им треба за да го средат хаосов кој трае во најзагадената општина? Златко Марин го видел ли ова?
Очигледно Марин нема храброст или несака да се справи со загадувачите на територијата на општината Аеродром иако граѓаните се погласно посочуваат на присутноста на диви топилници кои согоруваат материјали опасни по живот.Најверојатно инспекторите од оваа општина имаат ,,добар мотив,, да замижат на ваквите појави.