Осудениот советник на Доналд Трамп – Роџер Стоун – рече дека новиот вид на коронавирус најверојатно не е создаден од Кинезите, туку од Бил Гејтс.
The New York Post го пренесе своето тврдење дека Бил Гејтс можеби бил вмешан во создавање на вирусот корона за да може да стави микрочипови во главите на луѓето и со тоа да може да контролира кој бил и кој не бил тестиран за „Ковид-19“.
„Дали Бил Гејтс одиграл каква било улога во креирањето и ширењето на овој вирус е прашање на отворена дебата. Имам конзервативни пријатели кои велат дека тоа е смешно, а други велат дека е апсолутно точно “, му рече Стоун на Џо Пископо, водител на радио-шоуто ,,Одговори”.
Тема на шоуто беше „теории на заговор за пандемијата на корона вирусот“.
Стоун понатаму му рече на Пископо:
„Тој и другите глобалисти го користат вирусот корона за промовирање на задолжителна вакцинација и микрочипирање на луѓето, за да се знае дали биле тестирани. Задолжителна вакцинација? Само преку мене мртов! Нема шанси Џо! “Пископо во текот на шоуто го нарече Стоун – долгогодишниот советник на претседателот Трамп – „легенда“ .Гејтс одамна е главен поборник за подготовка за глобална здравствена криза, како што е оваа предизвикана од вирусот корона.