Свет

Русите тврдат: Британците испратија специјалци за „партизанска“ борба!

Најмалку две групи од по околу 20 експерти за диверзии и партизански борби од Специјалната воздушна служба на британските воздухопловни сили слетаа над регионот Лавов во Украина, изјави неименуван претставник на руската армија.

Како што рече, припадниците на таа служба важат за едни од најквалификуваните експерти во светот во областа на организирање пуч, масовни протести и собири, организирање убиства на политички функционери, регрутирање, но и подготовка на терористички акти.

„Тоа не се обични специјалисти, тоа се интелектуалци кои во својот состав имаат идеолози, така да се каже професори, а останатите се експерти од различни области“, рече тој.

Претставникот на руската армија рече дека тие обично работат во борбени зони под маската на медицински работници или хуманитарци.

Специјалната воздушна служба, скратено САС, е единица на британската армија, основана во 1941 година како полк, која се реконституирачр како корпус во 1950 година. Оваа единица послужи како модел за создавање на многу специјални единици ширум светот.

Врши голем број функции, вклучувајќи тајно извидување, борба против тероризам, директна акција и собирање разузнавачки информации.

Related posts

Leave a Comment