РУСИЈА забрани влез за осум службеници од земјите на ЕУ, вклучително и членови на Европскиот парламент и на Европската комисија.
„Русија забрани влез за осум претставници на ЕУ, вклучувајќи ги претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли и потпретседателката на Европската комисија Вера Џурови“, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
На главниот обвинител во Берлин исто така му беше забранет влез
„Европската унија ја продолжува политиката на еднострани нелегитимни ограничувачки мерки, насочени кон руски граѓани и организации“, се вели во соопштението на Министерството.
Главниот државен обвинител во Берлин, Јорг Раупах е исто така меѓу оние на кои им е забранет влез во Русија.
ЕУ воведе санкции за двајца Руси обвинети за прогон на хомосексуалци во Чеченија во март. Минатиот месец воведе санкции за четворица високи руски функционери блиски до претседателот Владимир Путин.