Свет

Русија: Нашата борба е праведна, ќе победиме

Спроведувањето на „прокси војна“, меѓу другото, испораката на оружје од запад во Украина, нема да ја спречи Русија да ја заврши специјалната операција и да ги реализира зацртаните цели, изјави заменик-претставникот на Русија во ОН, Дмитриј Полјански.

„Украина е во војна, ја снабдуваат со оружје, всушност долеваат масло на огнот, не дозволувајќи да се изгасне огнот на војната. Тоа е, се разбира, криминална тактика, но мислам дека не треба да не спречи да ја завршиме нашата специјална операција во Украина и да ги реализираме целите поставени пред нас. Нашата борба е праведна, ќе победиме“, изјави Полјански за Канал 1.

Тој објасни дека оваа војна се нарекува „прокси војна“ (војна преку посредници) затоа што на една од страните во конфликтот и се испорачува оружје.

Related posts

Leave a Comment