Свет

Русија предупредува: САД се обидуваат да го поделат православниот свет

Москва – Америка се занимава со активности насочени кон создавање услови за дебата за признавање на таканаречената украинска православна црква и поддршка на оваа „расколничка организација“.

Ова е доказ дека Вашингтон се обидува да предизвика поделеност во православниот свет, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Откако разговараше со неговиот грчки колега Никос Нендијас во Москва, тој потсети дека американскиот државен секретар Мајк Помпео ја посетил Атина пред Архиепископот на Атина и цела Грција Jeроним Втори да го испрати таканареченото „писмо за мир“  до „украинска расколничкаа црква“ .

Помпео не криеше дека прашањето е на агендата на неговата посета, пренесува Тас.

Лавров додаде дека, како што разбира, американските дипломати имаа иста цел кога ја посетија Света Гора.

„Поглаварот на расколничката украинска православна црква, јавно кажа дека создавање на оваа организација ќе биде невозможно без директна поддршка на САД“, подсети Лавров.

Тој оцени дека сега е прилично јасно дека Вашингтон нема намера да застане тука и дека ќе се обиде да изврши притисок за поделба во православниот свет воопшто.

.

Related posts

Leave a Comment