Свет

Русија распореди воени хеликоптери во северо-источна Сирија

Русија распореди воени хеликоптери во близина на сириско-турската граница за да се обезбедат руските воени полицајци кои работат на теренот, јави новинската агенција Интерфакс.

Откако Турција започна операција против сириските Курди, руските и турските безбедносни сили заедно патролираат во североисточна Сирија за да го надгледуваат договорот постигнат помеѓу Москва и Анкара.

Новинската агенција Интерфакс го цитираше рускиот воен пилот Дмитри Иванов, кој рече дека Русија ќе распореди воени хеликоптери долж неколку патролни правци.

Според него, хеликоптерите ќе ги надлетуваат патиштата на висина од 50-60 метри.

„Летовите ќе се одвиваат секојдневно по сите рути“, рече Иванов.

Related posts

Leave a Comment