Регион

Русија ќе ги испорача ракетните системи Панцир-С во Србија во следните неколку месеци

Шефот на Рособоронекспорт, Александар Микејев, рече дека „сè оди според планот, нема одложувања“

Русија ќе ги испорача ракетните системи „Панцир-С“ во наредните неколку месеци во согласност со потпишаниот договор, изјави првиот човек на „Рособоронекспорт“, Александар Микејев, во средата за ТАСС.

„Ракетните системи веќе се склопуваат и истовремено се обучуваат српски воени инженери. Сè оди според планот, нема одложувања. Обуките ќе бидат завршени наскоро, а руската страна ќе започне со испораките. Договорот ќе биде исполнет во следните неколку месеци “, рече Микеев.

На 24 октомври српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Белград го купил рускиот ракетен систем „Панцир-С“.

Related posts

Leave a Comment