Свет

Руската армија ликвидираше пет украински диверзанти и уништи две оклопни возила

Руската армија и граничари спречија диверзантска група од територијата на Украина да ја наруши државната граница, пишува РИА Новости.

Во таа прилика загинаа петмина диверзанти кои се обидоа да влезат на територијата на Русија, а беа уништени две оклопни возила.

– Единиците на Јужниот воен округ заедно со граничниот одред на ФСБ на Русија спречија диверзантско-извидувачка група да ја наруши државната граница на Русија од територијата на Украина – соопштија претставниците на Јужниот воен округ.

Како што додаваат во одделот, за време на судирот две воени возила на Вооружените сили на Украина влегле на територијата на Русија со цел да ги евакуираат диверзантите. Двата транспортери се погодени.

Петмина војници на вооружените сили на Украина загинаа, додека меѓу Русите нема жртви.

Потсетуваме дека портпаролот на Народната милиција на Доњецката Народна Република Едуард Басурин денеска соопшти дека два одреди украински диверзанти упаднале на територијата на ДНР.

Тој додаде дека една група разнела складиште со ракетна и артилериска муниција.

-Утрово започна масовното гранатирање на селото Коминтерново. Во тој момент две диверзантски групи навлегоа длабоко на територијата на нашата република. Задачата на едната група беше да ги крене во воздух магацините на ракетна и артилериска муниција, што и беше направено. Втората група напредуваше во правец на Новоазовск. Во овој момент службениците на Министерството за државна безбедност и МВР заедно со армијата вршат потрага за пронаоѓање и уништување на овие две групи – рече Басурин.

Исто така, Украинците го гранатираа контролниот пункт на граничната служба на ФСБ во Ростовската област.

– На 21 февруари, во 9.50 часот, неидентификуван проектил испукан од територијата на Украина целосно ја уништил граничната дежурна станица, која се наоѓа на оддалеченост од околу 150 метри од руско-украинската граница – соопшти руската гранична служба во изјава.

Во таа прилика нема повредени.

Related posts

Leave a Comment