Свет

Руската армија ослободи 14 заробени морнари

Russian Navy seize two boats as war goes to the seas - horror over  'counter-terror-op' | World | News | Express.co.uk

МОСКВА – Руската армија успеа да ослободи 14 морнари кои беа заробени од украинската армија, соопшти народниот правобранител за човекови права во Русија, Татјана Москаљкова.

Таа на социјалната мрежа Телеграм објави дека благодарение на заедничката акција на руската армија се ослободени 14 морнари кои беа заробени на бродот Азов Конкорд.

„Во моментов ги евакуираме на безбедна локација“, напиша таа.

Таа наведе и дека тие морнари биле заробени на тој брод од 24 февруари, кога беше започната специјалната воена операција на Русија во Украина, пренесе Спутник.

Им ги одзедоа телефоните, компјутерите, документите, имаа проблеми со храната“, додаде Москаљкова.

Related posts

Leave a Comment