МОСКВА- Руската армија ја презеде контролата врз поранешната нуклеарна централа во Чернобил во Украина, соопшти денеска Министерството за одбрана на Русија.
Се наведува дека нивото на радијација во зоната Чернобил е нормално, а контролата врз поранешната нуклеарна централа во Чернобил била воспоставена вчера, пренесува Интерфакс.
Во обезбедувањето на нуклеарната централа ќе бидат вклучени и руски падобранци, се наведува во соопштението.