Свет

Рускиот амбасадор ја напушти седницата на Советот за безбедност посветена на Украина

 

Амбасадорот на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, ја напушти седницата на Советот за безбедност посветена на Украина, пред изјавата на претставникот на Украина, во која изјави дека има закажан состанок со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

– Ве молиме ова да не го сметате за демонстративно заминување. Морам да ја напуштам оваа седница поради претходно закажаната средба со генералниот секретар на ОН по повод агендата на нашето претседателство – изјави Небензја, пренесува ТАСС.

По заминувањето на амбасадорот Небензја, збор зеде постојаниот претставник на Украина во Обединетите нации, Сергеј Кишлица, а Русија потоа ја претставуваше Дмитриј Полјански, првиот заменик постојан претставник на Руската Федерација во ОН.

Related posts

Leave a Comment