Руската нуклеарна тријада обезбедува реализација на задачите за спречување на потенцијалниот противник, а повеќе од 95 системи за лансирање на копнените стратешки нуклеарни сили постојано се во подготвеност, изјави началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов.
На брифингот со воените аташеа на странските земји, Герасимов рече дека стратешките ракетни сили продолжуваат да се вооружуваат со системи „Јарс“ и дека системите „Авангард“ се подготвуваат за борбена употреба.
– Во борбениот состав на поморските стратешки нуклеарни сили наскоро ќе се приклучи уште еден нуклеарен крстосувач со балистички ракети „Булава“ – изјави Герасимов.
Началникот на Генералштабот на руската армија изјави и дека продолжува модернизацијата на стратешките авиони со ракетно оружје.
Според него, Русија, во сегашната ситуација, продолжува со планираните активности со цел зајакнување на одбранбените капацитети на земјата, што ја исклучува можноста за оштетување на безбедноста на земјата.
Тестирањето на циркон е успешно завршено
Герасимов рече и дека тестирањата на бродскиот ракетен систем „Циркон“ успешно се завршуваат, а во рамките на нив е потврдена можноста за истрелување хиперсонична ракета од брод и нуклеарна подморница додека е под вода.
Морнарицата доби шест нови бродови во август, додаде тој.
„Циркон“ е првата хиперсонична крстосувачка ракета во светот способна за континуиран аеродинамичен лет со маневрирање во густите слоеви на атмосферата. Може подеднакво ефикасно да погоди цели на земја и вода. Досегот е над 1.000 километри, а развива брзина од околу девет Мах, што е девет пати поголема од брзината на звукот.