Свет

Рускиот новинар Соловјев: „Речиси сигурно ќе има војна меѓу Русија и НАТО, ќе ги сомелеме, нема да има милост“

Познатиот руски новинар и водител Владимир Соловјов, познат и како „гласот на Путин“, смета дека руската инвазија на Украина може да се гледа како нова фаза и дека речиси сигурно ќе следи војна меѓу Руската Федерација и НАТО, што би го направило тој конфликт глобална светска војна.

Според „Бизнис инсајдер“, Соловјов верува дека Русија ќе се најде во конфликт со НАТО, но и со целиот свет.

„Верувам дека „специјалната воена операција“ влегува во нова фаза“, рече тој во видеото објавено на Твитер од новинарката Џулија Дејвис во четвртокот, кое брзо се прошири на социјалните мрежи.

„Нема да има милост“

Соловјов во видеото истакнува дека земјите од НАТО ја снабдувале Украина со оружје.

„Гледаме дека тука нема само оружје, туку и оние кои со него управуваат“, рече тој.

Во контроверзното видео тој вели дека „Русија започнува војна против земјите од НАТО“.

– Ќе ја сомелеме нивната „воена машина“ како и граѓаните на земјите од НАТО. Кога ќе заврши оваа операција, НАТО ќе мора да се запраша, можеме ли да се одбраниме? Имаме ли доволно луѓе да се браниме? Но, нема да има милост, нема да има милост – додаде Соловјов.

Војна со НАТО

Осврнувајќи се на зборовите на Путин за „деназификација“ на Украина, тој рече дека „војната во Украина се развива многу конкретно, поради што е потребна голема грубост“.

Related posts

Leave a Comment