Патријархот московски и на цела Русија, Кирил, смета дека пандемијата на вирусот корона е божја промисла чија задача е да се уништат идеалите на потрошувачкото општество.
По литургијата во црквата Христос Спасител, Патријархот Кирил рече дека во последно време развојот на човештвото главно е насочен кон „непрестајна желба да се има повеќе, да се купи повеќе, да се посакува што повеќе“. Тој се пожали дека повисоките идеали отишле во втор план, на периферијата на животот.
Според патријархот, сегашната пандемија треба да ги натера луѓето да се замислат и да сфатат дека лебот не е најважен, да размислуваат за смислата на нивните животи и нивните слабости, затоа што трагичното преценување на човечките способности, поттикнато од несомнените достигнувања во науката и технологијата, многумина лиши од критичкот поглед на самите себеси.
Сепак, душевната болка е испратена да се научат животни лекции, истакна патријархот.
„И ако со надминување на оваа тага ние станеме поблиски до Бога, несомнено е дека ќе ја победиме и самата тага“, рече тој.