Свет

РУСКИОТ ПРАТЕНИК МОРОЗОВ: Ќе го вратиме НАТО на границите од 1997 година со сите расположливи средства!

Депутат Госдумы Олег Морозов сделал прививку от коронавируса

 

Враќањето на НАТО на границите од 1997 година е стратешка задача за Русија, која ќе се обиде да го спроведе со сите расположливи средства, изјави пратеникот на руската Државна дума, Олег Морозов.

Како што нагласи, еден од начините да се реализира таа задача е да се создадат нови закани за безбедноста на таканаречените „нови“ членки на Алијансата со распоредување ракетни системи во Калининград.

Тој исто така рече дека поради приемот на Финска и Шведска во НАТО, Русија би можела да го покрене прашањето за отфрлање на ненуклеарниот статус на Балтичкото Море.

„Пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО суштински ја крши европската безбедносна архитектура“, рече Морозов.

Да потсетиме, Финска и Шведска најавија можност за влез во НАТО по долга политика на воена неутралност. Повеќето членки на НАТО ја поздравија иницијативата.

Related posts

Leave a Comment